Фантастичните Гакпо и Мален ја решија Романија: Холандија е помеѓу најдобрите осум во Европа (Видео)

Репрезентацијата на Холандија по 16 години повторно е во четвртфиналето на Европско првенство откако ја совладаа Романија со 3-0. Поранешниот европски шампион од 1988 сè уште се надева дека може да го повтори успехот од пред 36 години, кога Европското првенство, како и сега, се одржуваше во Германија, а последна пречка пред пласман во полуфиналето ќе им биде подобриот од дуелот помеѓу Австрија и Турција.

Лалињата имаа комплетна доминација против Романија во текот на целиот натпревар и можеа лесно да дојдат и до многу поубедлива победа. Најдобар на теренот беше Коди Гакпо, кој најпрво во 20-тата минута ја донесе Холандија во водство од 1-0, а во 83-тата минута му асистираше на Мален за зголемување на водството на 2-0. Печат на победата на Холандија стави Мален во 93-тата минута, кога школската контра на Лалињата ја претвори во гол откако Романците тргнаа во комплетна офанзива.

- Оглас -

Најнови вести