Еурофарм Работник го совлдада тимот на Спартак Москва со убедливи 34-29 во нивниот дебитантски настап во СЕХА-лигата. Битолчани на домашен терен ја израдувааа публиката откако избраниците на Стевче Алошовски се консолидираа по надополнувањето на негативата од пет гола во воведните минути од средбата.
Откако Работник ја презеде иницијативата и дојде до првото водство при резултат од 12-11, во преполната сала „Боро Чурлевски“ се дишеше послободно, а потоа сè тргна во нагорна линија за домаќините. Убедливите 6+ во корист на ракометарите на Работник во последните 10 значеа дека во Битола вечерва до доцна ќе се слави победата.
Стјепановиќ со 10 погодоци ја предводеше екипата на Работник, Вегар како втор најефикасен заврши со пет гола. Кај порзените Деверен беше единствената светла точка со 8 гола.