Фантастично дерби: Дибиров го спаси Вардар, а Пелистер „прокоцка“ победа (ВИДЕО)

Екипите на Пелистер и Вардар одиграа 27:27 во големото ракометно дерби на Македонија.

По одличното прво полувреме на Вардар, и прекрасната хумана акција на Чкембари, ова ракометно дерби ги оправда сите очекувања.

Домашниот тим имаше негатива во текот на целата средба, а во последните минути обезбеди и предност, но при резултат 27:26 и напад за Пелистер, еден од играчите на Вардар ја пресече топката, со што му обезбеди контранапад на Вардар, по кој од седум метри беше реализатор Тимур Дибиров.

На стартот од вториот дел, Пелистерци тргна фуриозно и во првите неколку минути најпрвин намалија на 15:17 и иако имаа можност да донесат уште поголема неизвесност, сепак Ристовски со две одбрани набрзина ги смири страстите, а на спротивната страна Талески и Дибиров стрелаа (15:19).

Вардар ја стабилизира играта и ја одржуваше предноста од четири погодоци, но Пелистер почна да покажува знаци на живот и дојде до 20:23 во 47-мата минута.

Но, новите грешки на домаќинот го чинеа ново зголемување на негативата, и тоа преку Анте Гаџа и Талевски за 21:25.

Конечно, одбраната на домаќините почна да игра како што се очекуваше, а по долго време дојдоа и на негатива на „минус“ еден во 55-тата минута, кога со голот на Периќ резултатот на семафорот беше 24:25.

Домашниот налет за кратко беше сопрен од неверојатниот Анте Гаџа, кој беше нерешлива енигма за домашната одбрана (24:26).

По речиси 50 минути подоцна, Пелистер дојде до првото израмнување, и тоа на 26:26, а со голот на Стипе Мандалиниќ домаќините дојдоа до пресврт и водство од 27:26 во 59-тата минута.

Како што напоменавме, со голот на Дибиров беа поставени конечните 27:27, а делбата на бодовите беше најреалниот исход.

Најефикасен играч на теренот беше одличниот Анте Гаџа, којшто осумпати стрелаше во мрежата на Пелистер, додека херојот Дибиров даде четири гола.

Кај домаќините, пак, Мандалиниќ даде седум, додека Обрадовиќ шест гола.

- Оглас -

Најнови вести