Фантастично прво полувреме на „Сан Сиро“ со два гола, Граѓаните и Биковите ги делат 45 минути од осминафинале

Милан и ПСЖ одиграа одлично прво полувреме кое заврши 1:1 во дербито на четвртото коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Двата гола беа постигнати во воведните минути од мечот на „Сан Сиро“, но до крајот на првиот дел сепак не беше постигнат уште некој гол, иако и двата тима имаа неколку одлични шанси да ја затресат мрежата.

Резултатот го отвори поранешниот играч на Интер, Мартин Шкринијар, додека Милан израмни само три минути подоцна, и тоа преку Рафаел Леао.

Манчестер сити и Ред Бул Лапциг ги делат само уште 45 минути од заверка на пласманот во осминафиналето. Граѓаните водат со 2:0 против Јанг бојс. Резултатот го отвори Ерлинг Халанд од пенал во 23-тата минута, а Фил Фоден во судиското продолжение погоди за 2:0.

Минимално водство има и Ред Бул Лајпциг, и тоа во Белград, во дуелот со Црвена ѕвезда. Биковите водат благодарение на голот на Чави Симонс во осмата минута.

Атлетико Мадрид веќе може да ги запише трите бода во дуелот со Селтик бидејќи води со 2:0 и има играч повеќе по исклучувањето на Маеда во 23-тата минута. Антоан Гриезман во шестата минута го отвори резултатот, а во последните моменти Алваро Мората погоди за 2:0.

Водство по првото полувреме имаат и Порто и Лацио. Португалскиот тим игра против Антверпен, додека Лацијалите на „Олимпико“ играат против Феенорд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести