Фантазерите со Премиер лигата можат да ѝ се приклучат на Спорт Манија до 19 часот, влезот е задолжителен и без играчи на двете водечки екипи

Новото 12-то коло во мегапопуларната игра Фантази Премиер лига ќе почне денеска и измени во вашите состави можете да направите вечерва до 19 часот, термин до кој на многу едноставен начин можете да ѝ се приклучите на групата фантазери на Спорт Манија.

Приклучувањето е лесно, кодот за групата Спорт Манија за фантазерите е zc6qmk и автоматски станувате член на нашата група.

Се игра за интересни парични награди од 300 денари за победникот во секое коло, 200 за второпласираниот и 100 за фантазерот што ќе биде на третото место според бројот на поени.

Играта е бесплатна и сè што треба е да имате добра стратегија, а денеска треба посебно да се внимава.

Двете најдобропласирани екипи по 10-тото кола во Премиер лигата сега нема да играат, па фудбалерите на лидерот Арсенал и на актуелниот првак Манчестер сити пожелно е да се заменат ако ги имате во своите состави или да бидат преместени на клупата за резерви.

 

 

- Оглас -

Најнови вести