Лионел Меси и Кристијано Роналдо се двајцата фудбалери кои го одбележаа 21 век. Повеќе од две децении тие се на врвно ниво и фасцинираат со своите игри. Двајцата се на залезот на кариерата, но сѐ уште се во фокусот каде и да се појават.
Многумина со години сонуваат да ги видат Меси и Роналдо заедно во еден тим, а сајтот TalkSPORT.com сега „фрли бомба“ со најава дека е можно двете суперѕвезди да играат заедно.
Оваа опција е можна ако Португалецот потпише краткорочен договор со тимот на Интер Мајами, каде што веќе игра Меси. Договорот на Роналдо со Ал-Наср истекува летово, а потоа е слободен играч.
Можно е Роналдо да потпише договор со Интер Мајами и да игра за овој тим на Светското клупско првенство. Од Интер Мајами сигурно немаат никаква дилема дека би сакале да бидат клубот кој прв и единствен пат би ги споил Меси и Роналдо.
Со осум освоени Златни топки, Меси е рекордер во оваа најпрестижна индивидуална категорија. Роналдо е втор во оваа категорија со пет освоени Златни топки.