На дуелот меѓу Џенерал Ламадрид и Викторијано Аренас во четвртата лига во Аргентина се случи необична ситуација. Домаќините водеа со 1:0, го по еден напад на гостите, Матијас Руиз шутираше откосо и потоа почна да се радува на погодок.
Судијата покажа на центарот, односно дека е погодок, но проблем беше тоа што топката воопшто не заврши во мрежата. Сепак, судијата покажа дека е погодок сметајќи дека топката ја помина гол-линијата, а потоа на скинат дел од мрежата продолжи да се тркала.
Неколку минути подоцна следуваше целосен пресврт и Викторијано Аренас со гол од пенал стигна до победа од 2:1.
Сами проценете дали првиот погодок за гостите е исправен или судијата згреши.
¿Pero como le iba a cortar el grito de gol? pic.twitter.com/35NhPp4YMp
— En el VAR (@EnElVar) July 7, 2023