Фараони му се закани на Милан, но Тонали не го дава Скудетото (Видео)

Верона водеше со 1:0 против Милан на „Бентегоди“ со голот на Давиде Фараони и му се закани на гигантот, но Сандро Тонали не го дава Скудетото и израмни на 1:1 во возбудливото прво полувреме во меч од 35. коло во Серија А.

Давиде Фараони погоди за предност на домаќините во 38. минута, а Тонали беше прецизен за 1:1 во финишот на првиот дел во исклучително важен меч за Милан.

Голот на Фараони можете да го погледнете ОВДЕ.

Погодокот на Тонали во третата минута од судиското продолжение во првото полувреме можете да го погледнете ОВДЕ.

Росонерите не смеат да загубат и да паднат на второто место на табелата со 77 бода, еден помалку од Интер, што би значело дека Скудетото ќе биде далеку за нив.

Со реми вечерва на „Бентегоди“, Милан и Интер би имале по 78 бода, а Росонерите имаат подобар меѓусебен биланс од градскиот ривал и би биле прваци во случај на ист број на бодови на крајот на првенството.

До крајот има уште две кола, а Интер има полесен распоред од Милан.

 

- Оглас -

Најнови вести