Фарид си замина од Бруклин, ќе лета со „ракетите“ од Хјустон

Кенет Фарид го раскина договорот со Бруклин нетс и ќе игра за еден од кандидатите за НБА титулата, за тимот на Хјустон.

Еден од најатрактивните кошаркари во НБА лигата не се снајде добро во составот на Бруклин, беше и повреден, па не ги повтори игрите од периодот минат во првиот клуб Денвер нагетс.

Фарид одлучи да си замине и ќе го засили Хјустон, тим кој го има извонредниот Џејмс Харден и има шампионски амбиции.

Кенет ќе им ја засили одбраната, па „ракетите“ би требало да летаат на посилен погон со доаѓањето на 203 сантиметри високиот крилен центар.

Фарид има одлично минато, беше треторангиран како дебитант во првата сезона во НБА лигата, а со учинок од 27 поени и 17 скока против Голден стејт, беше првиот кошаркар со таков дабл-дабл, остварен за помалку од 25 минути на паркетот, во ерата на НБА кошарка кога времето за напад е ограничено.

- Оглас -

Најнови вести