Баер Леверкузен оствари важна победа на гости (1-3) против Ајнтрахт Франкфурт со која се вклучи во трката за пласман во Лигата на шампионите. Артур го постигна првиот гол во Бундеслигата, Малик Тилман во 33-тата минута зголеми на 0-2, а иако Кох намали на стартот на второто полувреме, Алеиш Гарсија го потврди триумфот за гостите од 1-3 со погодокот во 93-тата минута.
Лајпциг доживеа непријатен пораз од 1-2 на домашен терен против Мајнц. Амири од пенал во последните мигови од првиот дел и Силас на стартот на второто полувреме донесоа победа за Мајнц.
Аугсбург славеше против Сент Паули со 2-1, а Хофенхајм со двата гола на Крамариќ и автоголот на Леите со 3-1 го победи Унион Берлин и се израмни со Борусија Дортмунд со 42 бода.
Вердер и Борусија Менхенгладбах одиграа 1-1. Топ ги спаси домашните од пораз со гол во 94-тата минута, откако Борусија поведе со голот на Табаковиќ во 61-та минута.

