Фармацевтите од Леверкузен непогрешливи пеналџии, клубот испиша историја

Баер Леверкузен ќе биде учесник во утрешната ждрепка за осминафиналето во Лигата на Европа откако на пенали го совлада Монако.

Баер за првпат во својата историја успеа да се пласира понатаму во еден европски двомеч на кој загубиле на првиот меч дома. Во Леверкузен, Монако победи со 3-2, но Баер вечерва врати со иста мерка. Истиот резултат остана и по 120 минути, а во пенал-серијата, играчите на Леверкузен ги реализираа сите пет шутеви од белата точка.

Кај Монако трагичар беше Матазо, кој утна во втората серија.

- Оглас -

Најнови вести