Ерменија со гол во последните моменти се спаси од пораз на гостувањето кај Фарски острови, средбата заврши 2-2 и тоа воопшто не е лошо за македонската репрезентација.
После три кола, Македонија има 7 бода и гол-разлика 6-1, а втора е Ерменија со 4 бода и гол-разлика 6-5. За три дена им гостуваме на Ерменците, па и минимален пораз таму ја остава нашата селекција на прво место и во позиција сама да одлучува за првото место.
Во последните две кола во ноември, Македонија игра дома со аутсајдерите Фарски острови и Лелтонија, реално е да освоиме 6 бода, кои би требало да бидат доволни за преселба во повисок ранг во Лигата на нации.