Репрезентацијата на Фарски Острови извојува победа од 1-0 на гостувањето кај Ерменија, што за Фараните е прва победа во групата од Лигата на нациите во која е и Македонија.
Тимот од групата острови на северот на Европа славеше во Ереван со гол од пенал кој го реализира Давидсен во 33-тата минута. Со оваа победа Фарски Острови избија на второто место во групата со 6 бода, а прва е Македонија со 10.
Ова значи дека Македонија вечерва против Летонија со победа, реми или пораз до два гола разлика ќе го осигури првото место и преселбата во Лига Б од Лигата на нациите, а сега главна цел е да собереме што повеќе бодови за да се пробиеме до баражите за СП 2026.