10.8 C
Skopje
недела, 12 октомври 2025

Фарски Острови ја шокираа Чешка и го отворија мундијалскиот пат за Хрватска (Видео)

Фудбалската репрезентација на Фарските Острови приреди сензација од историски размери, откако во Торшавн ја совлада Чешка со 2-1 и ѝ направи огромна услуга на Хрватска во битката за пласман на Светското првенство 2026.

Чесите важеа за главен ривал на Kоцкестите во трката за првото место во групата, но со овој неочекуван пораз направија сериозен чекор назад. И двете селекции моментално имаат по 13 бодови, со тоа што Хрватска има два натпревари помалку – што значи дека со две победи би го осигурала директниот пласман на Мундијалот.

Натпреварот во Торшавн понуди вистинска драма во второто полувреме. По мирни први 45 минути, Соренсен во 67-та минута донесе водство за Фарските Острови. Чесите возвратија преку Карабец во 78-та минута, но радоста траеше само три минути – Агнарсон со одличен удар во 81-та минута погоди за конечни 2-1.


До крајот Чешка напаѓаше, но без ефект.

На останатите натпревари од квалификациите, Холандија рутински ја совлада Финска со 4-0. Стрелци беа Мален, Ван Дајк, Депај и Гакпо, а токму Мемфис Депај го постави новиот рекорд како најдобар асистент во историјата на холандската репрезентација, со вкупно 36 асистенции.

Шкотска ја оправда фаворитската улога и славеше над Белорусија со 2-1, додека Кипар убедливо го победи Сан Марино со 4-0, во меч без изненадувања.

- Оглас -

Најнови вести