Фарски Острови немаа сила за нов подвиг, Босна и Херцеговина загуби од дебитантот

Најпријатното изненадување на ракометното Европско првенство, селекцијата на Фарски Острови не успеаја да направат нов подвиг и овојпат загуби од Полска со 32:28. По овој пораз, Фарски Острови завршија на последното место во групата, додека Полска е трета со два бода. Словенија и Норвешка во меѓусебен дуел ќе решаваат за првото место.

Неизвесно беше првото полувреме во кое Фарски Острови водеа и со 11:9, а по 30 минути резултатот беше 15:15. Егал беше до резултатот 26:26, а потоа Полска поведе со 28:26. Дебитантот даваше отпор до пред крајот, кога намали на 29:28, но во финишот Полска даде три гола по ред и стигна до највисоката предност од четири погодоци.

Босна и Херцеговина доживеа дебакл откако загуби од дебитантот Грузија со 19:22. Ова е шокантен пораз за БиХ, посебно ако се знае дека тие одлично го почнаа мечот и водеа со шест разлика (8:2). Сепак, Грузија успеа да се врати до полувреме и со серија од 7:2 стигна до 9:9 по првите 30 минути. Во второто полувреме беше нерешено, 18:18, кога Грузија постигна два гола и до крајот ја задржа предноста.

Чешка ја заврши групата Ф со победа над Грција, и тоа со убедливи 29:20, но нема да продолжи понатаму затоа што Чесите имаат само два бода и ќе останат зад Данска и Португалија, кои вечерва играат во борба за првото место.

- Оглас -

Најнови вести