29.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Фарски Острови загубија од Словенија, но нивните навивачи ги добија симпатиите на целиот свет (Видео)

Ракометарите на Фарски Острови загубија на дебитантскиот настап на Европското првенство во Германија од Словенија со 32-29. Иако пружија достоен отпор, главна тема по натпреварот се нивните навивачи, кои во Германија пристигнаа во бројка поголема од 5.000.

И сето ова нема да биде ништо чудно, но во случајот се работи за земја која има околу 50.000 жители, а сето тоа значи дека 10% од целото население било во салата во Берлин, односно 20% од полнолетното население.

https://twitter.com/HandballHour/status/1745501595062718515

- Оглас -

Најнови вести