Јан Караму од Парма покажа одлична фудбалска вештина и брзина, а во опасен слалом ги нанижа противничките играчи од Трабзонспор и еден навивач што влета на терен од трибините на стадионот во Отеншејм, Австрија.
Младиот фудбалер на „млекарите“ воопшто не забележа дека веднаш зад грб има навивач на Трабзонспор, му избега со брз трк, а претходно и потоа умешно ги дриблаше и играчите на турскиот тим.
Стотици турски иселеници што живеат во Австрија и околните земји допатуваа во Отеншејм да го следат пријателскиот дуел, а еден од нив одлучи да влета на терен и да си ги проба фудбалските квалитети, но наиде на расположениот фудбалер од Брегот на Слонова Коска, кој го претрча како брз воз.
https://twitter.com/serdarkellecii/status/1155174188635820038?s=20
Сцената е комична и несекојдневна, а пријателскиот меч заврши нерешено 2:2. Погледнете го целиот спринт на Караму и головите од пријателскиот меч меѓу турскиот прволигаш и членот на Серија А.
https://www.youtube.com/watch?v=rd8vE32fkmg