Вистинска трагедија доживеаја фудбалерите на шестолигашот Тарбес, кои се елиминирани на бизарен начин од Купот на Франција откако возачот на автобусот ги однесе во погрешно место.
Патот од над 7 часа на играчите на Тарбес беше за џабе, а наместо да пристигнат во Вабрo Л`Абеј, возачот на автобусот ги однел во Вабро комплексот оддалечен 80 километри.
Кога сфатиле дека го погрешиле патот и местото на одигрување на натпреварот, со големо задоцнување гостите се упатиле на вистинското место, но веќе било доцна, па го загубија мечот со службен резултат и се елиминирани од францускиот куп.
„Фудбалерите на нашиот ривал беа многу разочарани. Патувале над 7 часа, а дури и трчаа над еден километар за да стигнат до стадионот. Автобусот им се заглави на мал мост на кој не можеше да помине на еден километар до стадионот. Фудбалерите ја зедоа опремата и трчаа до стадионот, но сè беше за џабе“, изјави фудбалерот на домашниот тим, Жоан Мурао.