Фати не сака да си оди од Барселона, но сега доби понуда која можеби ќе го предомисли

По доаѓањето на Ханси Флик за тренер во Барселона, младиот Ансу Фати беше „прешкртан“ од листата на играчи на кои смета германскиот стратег. Фати кој ја носи легендарната десетка треба да си замине од Барселона, но досега тој одбиваше да направи трансфер.

Сепак, се очекува дека во следните неколку дена може да се случи Фати да замине во Турција и да потпише за Фенербахче. Тренер во Фенербахче е Жозе Мурињо, што сигурно би било предизвик за Фати да игра под водство на легендарниот Португалец.

„Менаџерот на Фенербахче, Жозе Мурињо сака на позајмица до крајот на сезоната да го доведе Ансу Фати од Барселона“, пишува шпанскиот весник Ас.

Фати е производ од школата на Барселона, сруши многу клупски рекорди, го споредуваа со Лионел Меси и затоа го доби дресот со бројот 10. Сепак, по повредата здобиена на мечот против Бетис во ноември 2020 година, кариерата му се промени. Долго време беше надвор од теренот, а по враќањето не беше истиот Фати.

Во сезоната 2023/24 беше даден на позајмица во Брајтон, за да ја врати самодовербата и да ја подобри формата, но играњето во Англија, сепак не вилијаеше добро за Фати, па затоа се врати во Барселона.

Сега, откако Флик одлучи да не му даде никава шанса да игра, надеж за Фати може да биде заминувањето во Фенербахче кај Мурињо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести