22.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Фати си оди од Барселона, ќе избира дали ќе игра во Лондон или во Дортмунд

Ансу Фати на три дена пред крајот на летниот преоден рок е отворен за заминување од Барселона на едногодишна позајмица.

Каталонските медиуми пишуваат дека управата нема намера да го продава Фати, туку да го испрати на позајмица и најголем интерес за него пројавуваат премиерлигашите Тотенхем и Челзи, како и бундеслигашот Борусија Дортмунд. Според медиумите, Фати сам ќе одлучи дали ќе игра во Бундеслигата или во Премиер лигата.

На фудбалерот тешко му падна тоа што и покрај заминувањето на Осман Дембеле и повредата на Рафиња, тренерот Чави Ернандес не му дава шанса да игра во првиот тим. Наместо Фати, Чави во оган во фрли 16-годишниот Ламин Ламал, кој одигра фантастично во првите три кола во Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести