Фаворит е за златото, а во квалификациите на 110 метри со пречки буквално одеше на патеката (Видео)

Неверојатна сцена се случи на Олимписките игри во Париз за време на квалификациите на трката на 110 метри со пречки, која би можела да биде еден од најинтересните атлетски натпревари во Париз.

Еден од најголемите фаворити за златото, американскиот спринтер Фреди Критенден, сите ги шокираше во првата квалификациска трка.

Критенден буквално си одеше низ патеката, само прескокнувајќи ги препоните, а на крајот имаше време од 18.27 секунди.

Критенден, кој веќе имал инциденти во минатото, изјави по трката дека ја темпирал формата за репа̀сажот кој ќе се одржи во вторник.

Во оваа дисциплина постои репа̀саж во кој ќе настапат атлетичарите кои не поминале во првиот дел од квалификациите.

Критенден не сакаше да се умори и само ја помина трката рекреативно, што и го призна во изјавата.

„Сакам да му дадам повеќе одмор на моето тело, ова е сè тактика, ќе се видиме во вторник во репа̀сажот“, изјави американскиот спринтер.

- Оглас -

Најнови вести