Екипата на Рома на убедлив начин стигна до нова победа во Лигата на Европа откако со 4:0 на „Олимпико“ го победи Сервет, во меч од второто коло на ова европско натпреварување. Ромелу Лукаку погоди за водство во првото полувреме, а во вториот дел Волчицата со двата гола на Белоти и еден погодок на Пелегрини, стигна до убедлива победа од 4:0.
Триумфот на Рома не беше најубедлив во Лигата на Европа затоа што Славија Прага со 6:0 беше подобра од Шериф. Ливерпул даде по еден гол во двете полувремиња за победа над Ројал Унион, додека Баер Леверкузен со 2:1 го победи Молде во Шведска.
На Вилјареал доволно му беше да постигне еден гол за да биде подобар од Рен, исто како и на Тулуз во дуелот против ЛАСК. Во останатите мечеви кои се играат од 21 часот: Хакен – Карабах 0:1 и Макаби Хаифа – Панатинаикос 0:0.