1003 – Манчестер Сити – Нотингем Ф. (16:00)
Екипата на Манчестер Сити нема пораз во сите натпреварувања од дуелот против Арсенал за Комјунити шилд трофејот. Тоа значи дека серијата победа на “граѓаните“ е седум натпревари, а таа ќе продолжи и денес на дуелот против Нотингем Форест. Последните два натпревари на “Етихад“ против овој противник, фудбалерите на Манчестер Сити ги добија со 6-0 и 3-0, откако и во двата наврати имаа предност од 2-0 на полувремето.
Предлог тип: 1-1 & 2+пол. (2.70)
1304 – Барселона – Селта (18:30)
Фудбалерите на Барселона немаат загубено на последните девет натпревари, односно од пријателскиот дуел против Арсенал во САД, но ако се сметаат само официјалните натпревари, тогаш последниот пораз е во последното коло од минатата сезона на гостински терен од Селта Виго. Токму денешниот противник на “каталонците“ последен пат ги порази, па вечерва фудбалерите на Барселона имаат одлична можност за одмазда и за продолжување на одличната серија.
Предлог тип: 1 & 0-29min (1.87)
3005 – Лацио – Монца (20:45)
Екипата на Лацио имаше лош старт на сезоната и во моментов има само една победа во четири натпревари. Дека имаат квалитет покажаа на дуелот против Наполи, единствениот кој го добија во новата сезона од Серија А. Монца е одличен противник за враќање на победничките патеки, но и за ефикасен меч. Седум од последните 10 натпревари на Лацио завршиле со најмалку три погодоци.
Предлог тип: 1Х & 3+ (2.40)
1804 – Баерн Минхен – Бохум (15:30)
Баерн Минхен и денес ќе го покаже својот квалитет и својата класа во однос на останатите екипи во Бундес лигата. На четирите меча кои ги одигра Баерн оваа сезона во домашното првенство имаше голем број на погодоци, трипати тоа беа по четири, а само еднаш натпреварот заврши со три голови. Бохум е противник по мерка за нова убедлива победа и ефикасен меч на напаѓачите на “баварците“.
Предлог тип: 2+I и 2+II (2.25)
1540 – Порто – Жил Висенте (21:30)
Порто, Спортинг и Боависта се лидери во првенството на Португалија со по 13 бодови, што ја прави екипата на Порто голем фаворит за победа против Жил Висенте, кој е деветтопласиран во моментов. Последниот пораз на Порто во првенствен натпревар е токму од нивниот денешен противник и тоа пред речиси седум месеци, па на овој натпревар се гледа како можност за одмазда за минатосезонскиот изненадувачки пораз.
Предлог тип: 1-1 & 3+ (2.01)