Фаворитите ќе немаат мака против аутсајдерите

1301 Севилја – Кадис (Ла Лига Шпанија, 21:00 часот)

Трите бода се повеќе од потребни за домашниот тим, којшто сака наредната сезона да го осигури настапот во Лигата на шампионите.

Севилја по 33 одиграни средби, има 63 бода и ја дели третата позиција со Барселона, додека Атлетико Мадрид има 61 бод. Од заднина чека Бетис, којшто до сега има освоено 57 бода.

На гостите, пак им „гори“ бидејќи се само на еден бод од зоната за испаѓање и иако вечерва исто така им се потребни бодови, до нив нема да дојдат.

Предлог тип: 1&Т12+ (2.05)

 

1951 Фенербахче – Газијантеп (Супер лига Турција, 19:30 часот)

Фенер е во фантастична серија од пет победи на исто толку натпревари, со што се искачи на второто место во најсилната турска лига.

Титулата е далеку и таа е само на една победа од Трабзонспор, но со триумф вечерва, великанот ќе дојде до 68 бода и ќе има четири повеќе од Коњаспор, но и меч повеќе во борбата за втората позиција, која носи пласман во квалификациите од Лигата на шампионите.

Во трите досегашни средби кога Фенер бил домаќин, има исто толку и домашна радост (3:1, 5:0, 3:0).

Предлог тип: 1&3+ (1.84)

 

1701 Стразбур – ПСЖ (Лига 1 Франција, 21:00 часот)

Тимот од Париз веќе ја слави шампионската титула, но работата мора да се заврши до крај, особено по шокантниот пораз од Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Навивачите ќе сакаат убедливи победи до крајот на сезоната за колку-толку да се смират страстите против Меси, Нејмар и дружината, па затоа вечерва иако не им е потребна, победа ќе одиграат за нив.

Стразбур е шестопласиран и со евентуална победа би влегол во жестока борба за место кое носи во европските натпреварувања, но тешко е да се надева на победа против ПСЖ.

Предлог тип: Т22+ (1.78)

 

1801 Унион Берлин – Гројтер Фирт (Бундеслига Германија, 20:30 часот)

Огромна е разликата во квалитетот помеѓу овие два клуба и додека домаќините се борат за излез во некое од европските натпреварувања, гостите веќе се фокусирани за следната сезона, каде што ќе играат во „цвајте“.

Победата не би требало да биде доведена во прашање за тимот од Берлин, но прашање е колку голгетерите ќе бидат расположени на оваа средба, па затоа наш совет за играње на оваа средба е да видиме од еден до три погодоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.85)

 

1647 МВВ – Јонг Ајакс (Ерстедивисије Холандија, 20:00 часот)

Петочниот термин од 20 часот е резервиран за средбите од втората холандска лига, кои ги има во изобилство, па така е и вечерва.

Младиот тим на Ајакс гостува кај МВВ, а на четири од последните пет дуели гледаме ГГ&4+ (3:1, 4:3, 1:5, 1:4, 1:0), па затоа логично е да бараме голови и на оваа средба.

Ние ќе одиграме 4+, иако можете да ја искомбинирате и ГГ&4+, за што имате коефициент од 1.97.

Предлог тип: 4+ (1.66)

- Оглас -

Најнови вести