Фаворитите денеска нема да разочараат

3007 Милан – Аталанта (Серија А Италија, 18:00 часот)

Математиката е јасна, Милан со победа ќе дојде екстремно блиску до титулата во Серија А бидејќи во последното коло на гостувањето кај Сасуоло ќе им биде доволно и нерешен резултат.

Но, традицијата не е на страната на домаќините кои што последните осум години ја немаат совладано Аталанта на домашен терен.

Сепак, традициите се тука за да се урнат, а доколку не биде тоа денеска така, тогаш ќе биде катастрофа за црвено црниот дел од Милано.

Предлог тип: 1&0-3 (3.05)

1001 Тотенхем – Барнли (Премиер лига Англија, 13:00 часот)

По триумфот во големото дерби против Арсенал, Тотенхем сега е само на еден бод од местото кое што води во Лигата на шампионите.

Барнли води грчевите борба за опстанок со Лидс и Евертон, но тешко е да се верува дека ќе успеат да извлечат позитивен резултат од ова гостување.

На последните две гостувања кај Тотенхем примија девет гола (4:0, 5:0) а ништо чудно и денеска да видиме таков сличен натпревар со оглед на формата во која што се наоѓаат домаќините.

Предлог тип: T11+I&1+II (1.95)

1303 Бетис – Гранада (Ла Лига Шпанија, 19:30 часот)

Бетис се надева на чудо и некако да успее да се пласира во Лигата на шампионите но тоа е тешко остварливо. На две кола до крај има пет бода помалку од градскиот ривал Севилја, која што за волја на вистината гостува кај Атлетико Мадрид.

Гранада, иако го нема потврдено опстанокот, сепак на две кола до крај има четири бода повеќе од Мајорка, што би требало да биде доволно за и во наредната сезона да ги гледаме во Ла Лига.

Бетис на сите последни пет меѓусебни средби како домаќин им дава на Гранада најмалку два погодоци, а интересно е што и гостите се доста ефикасни и само на една немаат постигнато гол (2:1, 3:2, 2:2, 2:2, 2:0).

Предлог тип: ГГ&3+ (2.13)

1005 Вест Хем – Манчестер сити (Премиер лига Англија, 15:00 часот)

„Мртва“ трка се води и во Англија, каде што Манчестер сити за да ја одбрани титулата теоретски потребни му се уште четири бода, но со победа денеска се исто така блиску до круната.

Имаат три бода повеќе но и седум погодоци подобра гол разлика од Ливерпул на две кола до крајот. Вест Хем, пак е сигурен на седмото место, но ако слави денеска, покрај тоа што ќе му заврши работа на Ливерпул, ќе се впушти во борба за шесттото место на кое што се наоѓа Манчестер јунајтед.

Сепак, мала е веројатноста дека „чеканите“ ќе му наштетат на сити кој игра фантастично во последно време во Премиер лигата.

Предлог тип: 2&2-5 (1.75)

3008 Каљари – Интер (Серија А Италија, 20:45 часот)

Интер се надева на пораз на Милан на една од двете последни средби, а за нив многу подобро ќе биде доколку Аталанта слави на „Сан Сиро“. Подоцна против Каљари доволно ќе биде да победат и да го презедат врвот на едно коло до крајот.

Кога Интер гостува на Сардинија редовно гледаме голеада (1:3, 1:2, 2:1, 1:3, 1:5), а двоецот Мартинез – Џеко и вечерва е подготвен барем во три наврати да ја затресе мрежата на домаќините.

„Нероаѕурите“ во средата го победија Јувентус во финалето на Копа Италија, и сигурно е дека со големи мотиви ќе влезат и на оваа средба.

Предлог тип: Т23+ (2.25)

- Оглас -

Најнови вести