Фаворитите денеска уживаа на ЕП во ракомет

Трите фаворити што денеска играа во втората фаза на ракометното Европско првенство победија и освоија значајни бодови за нокаут фазата.

Во најдраматичнито меч досега на шампионатот, Русија прокоцка шанса да освои еден бод против Шпанија во дербито во Втората група.

Црвената Фурија се извлече и победи со 26:25, отако на Русите со помош на ВАР систем им беше досуден пенал за израмнување во последните секунди, но го промашија.

Во рамките на истата група Шведска ја декласираше Полска со 28:18, а и завршницата му припадна на големиот фаворит Норвешка, која ја победи Германија со 28:23.

По три кола во Втората група, Шпанија е лидер со шест бода и без пораз, Норвешка и Шведска имаат по четири бода, а Германија и Русија по два. Без шанси за пласман понатаму е Полска која е без бодови.

- Оглас -

Најнови вести