Во јапонскиот град Фукуока стартуваше Светското првенство во ватерполо, а по првите пет меча немаше изненадувања. Најубедлива победа забележа Хрватска против Аргентина, откако Коцкестите победија со 24:5. Со двоцифрена разлика се радуваа и Американците во дуелот против Казахстан, а на крајот беше 18:5.
Италија го доби дуелот против Франција со 13:6, а најинтересно беше на двата меча кои беа решени во последната четвртина. Грција со 13:9 ја победи Австралија, а Канада со 13:10 славеше над Кина.
До крајот на првото коло ќе се играат уште два меча во кои Унгарија не треба да има проблеми против домаќинот Јапонија, додека Шпанија е фаворит во дуелот против Србија.