Фаворитите како сами да си ги бираа противниците, „идеална“ ждрепка за ФА купот

Ждрепката за осминафиналните дуели од англискиот ФА куп, не донесе ниту едно дерби, и фаворитите може да бидат задоволни.

Првакот Манчестер сити ќе гостува кај Питерборо, тим од Чемпионшип кој во четвртото коло го елиминираше Квинс Парк Ренџерс.

Финалистот од минатата година, Челзи, кој се мачеше против Плимут, во осминафиналето ќе гостува кај Лутон.

Победникот од двојката Ливерпул – Кардиф, ќе има улога на домаќин против Норвич, а Мидлзброу кој го изненади Манчестер јунајтед, ќе игра дома со Тотенхем.

Останатите парови се: Кристал Палас – Стоук, Саутхемптон – Вест Хем, Нотингем/Лестер – Хадерсфилд, и Евертон – Борнмут/Борам Вуд. Овие дуели ќе се играат во првата недела од месец март.

 

- Оглас -

Најнови вести