Фаворитите ќе бидат ефикасни на стартот од новата сезона на ЛШ (Фото)

6002 – Милан – Њукасл (18:45)

Екипите на Милан и Њукасл први ќе истрчаат на теренот во новото издание на Лигата на шампионите. Сите посакуваме и очекуваме ефикасно отворање на најквалитетното клупско натпреварување во светот. Двете екипи играат ефикасен фудбал, а така ќе биде и вечерва, со голови во двете прежи и најмалку три погодоци.

Предлог тип: ГГ и 3+ (2.22)

 

6003 – Барселона – Антверпен (21:00)

Барселона како апсолутен фаворит влегува во дуелот против Антверпен и сè освен убедлива победа на домашните ќе биде големо изненадување. Каталонците минатата сезона имаа неуспешен настап во Лигата на шампионите, а оваа сезона сакаат тоа да не се повтори. Антверпен е противник по мерка за одлично отворање на европската сезона со убедлива победа.

Предлог тип: 1-1 & 3+ (1.89)

 

6007 – Манчестер сити – Црвена ѕвезда (21:00)

Бранителот на титулата во Лигата на шампионите, Манчестер сити, на домашен терен ја пречекува екипата на Црвена ѕвезда. Иако најавите се дека Пеп Гвардиола ќе настапи со комбиниран состав, сепак Граѓаните се апсолутни фаворити и од нив се очекува убедлива победа на патот кон одбрана на титулата.

Предлог тип: Т12+I&2+II (3.30)

 

6004 – ПСЖ – Борусија Д. (21:00)

Најинтересниот натпревар денес е оној во Париз, каде што ќе играат ПСЖ и Борусија Дортмунд. Уште еден меч на кој се очекуваат многу голови, и тоа распоредени во двете мрежи, но и во двете полувремиња. Двете екипи имаа лош старт во првенствата и ќе се обидат со добар резултат на стартот од Лигата на шампионите да се оправдаат пред своите навивачи.

Предлог тип: ГГ & 1+I&1+II (1.89)

 

6008 – Феенорд – Селтик (21:00)

Екипата на Феенорд ја има фаворитската улога против Селтик и се очекува дека вечерва нема да загуби од шкотскиот претставник. Двете екипи негуваат ефикасен фудбал, а така се очекува да биде и вечерва во Ротердам, каде што навивачите ќе имаат можност да видат најмалку три гола.

Предлог тип: 1Х & 3+ (2.00)

- Оглас -

Најнови вести