Фаворитите ќе ја оправдаат улогата, ефикасно ќе биде во Серија А (Фото)

1006 Ливерпул – Вест хем (15:00)

На мечот помеѓу Ливерпул и Вест хем јасно е кој е фаворит, па „црвените“ со победа ќе дојдат на +13 од Арсенал, кој вчера киксна, и на шест кола пред крајот на првенството веќе ќе ја имаат ставено едната рака на трофејот. Ливерпул игра во променлива форма во последно време, па после испаѓањето од ПСЖ од Лигата на шампионите, загуби и од Њукасл во финалето на Лига купот, но и од Фулам на последниот првенствен меч, па дуелот против Вест хем пред својата публика е одлична можност за избраниците на Арне Слот да се вратат на победничките патеки.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.73)

 

1008 Челзи – Ипсвич (15:00)

Челзи заедно со Њукасл, Астон вила, Манчестер сити и Нотингем форест, води голема битка за пласман во Лигата на шампионите, а две екипи од наведените нема да имаат можност следната сезона да играат во елитната конкуренција. Доколку Челзи сака да биде дел од европскиот крем ќе мора да ги добива мечевите како овој против Ипсвич на домашен терен. Во четвртокот Челзи победи на гостувањето кај Легија, но претходно одигра само 0-0 против Брентфорд, па дуелот против екипата која следната сезона најверојатно ќе игра во Чемпионшип дивизијата е можност за три бода на нивното конто.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (1.66)

 

1307 Алавес – Реал Мадрид (16:15)

После победата на Барселона над Леганес на гостински терен, Реал Мадрид нема друг избор освен да победи на гостувањето кај Алавес. „Кралевите“ сега имаат седум бода заостанување, па ако сакаат да останат во трката за трофејот во Ла Лига, ќе мора да слават против екипата која ја победуваат шестпати по ред.

Предлог тип: 2 & 3+ (2.40)

 

3007 Фиорентина – Парма (15:00)

Фиорентина и Парма со различни амбиции влегуваат во финишот од првенството во Италија. Домашните бркаат излез во фудбалска Европа, а гостите сакаат што поскоро да си го обезбедат опстанокот. Тоа би значело дека и едните и другите немаат што да бранат на овој меч, па играта „3+“ е она што треба да се одигра на овој меч.

Предлог тип: 3+ (1.92)

 

3145 Хајдук – Локомотива З. (18:45)

Сплитски Хајдук врза две победи по ред во хрватското првенство и се искачи на врвот од табелата со бод предност пред Ријека. „Белите“ сега ги очекува домашен дуел на кој немаат право на кикс доколку сакаат трофејот да се врати во Далмација. Ако се погледнат последните пет меѓусебни дуели, двете екипи имаат по две победи, а еден меч завршил нерешено.

Предлог тип: 1 & Т1 2+ (1.86)

- Оглас -

Најнови вести