Фаворитите ќе победат, Баер Леверкузен и официјално ќе го детронизира Баерн (Фото)

1008 – Ливерпул – Кристал палас (15:00)

Екипата на Ливерпул направи кикс минатото коло во Премиер лигата и одигра само 2-2 на гостувањето кај Манчестер јунајтед, но и доживеа вистински дебакл на домашен терен во Лигата на Европа од Аталанта со 0-3. Кристал палас е одлична можност за враќање на победничките патеки, екипа која ги нема победено „црвените“ од 2017-тата година.

Предлог тип: 1-1 & 3+ (1.99)

 

1009 – Арсенал – Астон вила (17:30)

Арсенал игра одлично оваа сезона и е на делбата на првата позиција во Премиер лигата со Ливерпул, а Астон вила треба да биде пречка која лесно ќе биде прескокната. „Топчиите“ на последните осум натпревари немаат пораз, а последен пат останаа со празни раце на дуелот против Порто во Лигата на шампионите кога загубија со 1-0.

Предлог тип: 1 & 0-29min (1.80)

 

1309 – Реал Сосиедад – Алмерија (21:00)

Екипата на Реал Сосиедад води борба за излез во фудбалска Европа, а вечерва за противник ја има екипата на Алмерија, која од следната сезона ќе настапува во Сегунда. Домашните имаат серија од три победи по ред, а победија и на последните три меча против денешниот противник.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.03)

 

3008 – Интер – Каљари (20:45)

Екипата на Интер е многу блиску и теоретски да дојде до титулата во Серија А, но опуштање против Каљари не смее да има. Противникот е на 14-тата позиција со четири поени повеќе од опасната зона. Интер има серија од пет победи против денешниот противник и вкупно шест натревари без пораз, а Каљари последен пат го победил Интер во 2019-тата година.

Предлог тип: T1 1+I & T1 3+ (2.00)

 

1809 – Баер Леверкузен – Вердер Бремен (17:30)

Баер Леверкузен со победа против Вердер Бремен на пет кола пред крајот на првенството и официјално ќе ја освои титулата во Бундес лигата. Избраниците на Чаби Алонсо немаат пораз сезонава во сите натпреварувања, а така се очекува да биде и до крајот на германското првенство. Вердер се обидува да го избегне баражот, но нема победа против „фармацевтите“ од 2019-тата година.

Предлог тип: 1 & T1 3+ (1.96)

- Оглас -

Најнови вести