1008 – Евертон – Манчестер Сити (15:00)
Екипата на Манчестер Сити има серија од 12 победи во Премиер лигата, од кои на дури 11 во серија биле постигнати по најмалку три погодоци. За да ја продолжи трката со Арсенал за титулата во Англија, потребна им е победа и на денешниот натпревар, а се очекува дека таа повторно ќе биде остварена со голем број на погодоци.
Предлог тип: 2 & 3-5 (2.12)
1009 – Арсенал – Брајтон (17:30)
Последните три натпревари помеѓу овие две екипи завршија со “гол-гол“, односно и двете екипи беа прецизни. Денес Арсенал е пред императивот наречен победа за да остане во трка по титулата. Повторно се очекува голови, бидејќи одбраната на Арсенал игра прилично слабо и имаат примено по најмалку еден погодок на осум од последните 10 првенствени натпревари.
Предлог тип: 1 & ГГ (3.00)
1309 – Еспањол – Барселона (21:00)
Екипата на Барселона со победа на денешниот натпревар и официјално ќе биде новиот шампион на Шпанија. Натпреварите на градски ривали секогаш се неизвесни, а така се очекува и да биде и денес. Еспањол во последните 10 години само двапати ја победил Барселоа, а последниот пат тоа било пред пет години.
Предлог тип: 2 & 0-3 (2.60)
1809 – Лајпциг – Вердер Бремен (17:30)
Лајпциг е пред пласман во Лигата на шампионите за следната сезона, но за да го задржи тој курс ќе треба да победи на денешниот дуел против Вердер Бремен. Овие две екипи до сега имаат одиграно вкупно 14 меѓусебни натпревари, на кои само двапати не било 3+, односно имало “само“ по два голови, но никогаш на овие дуели не биле постигнати повеќе од пет погодоци.
Предлог тип: 1 & 3-5 (2.02)
1638 – АЗ Алкмар – Емен (20:00)
Екипите на АЗ Алкмар и Емен во историјата имаат одиграно само осум натпревар, но интересно, на сите овие натпревари победила екипата на АЗ Алкмар. Победата им е потребна и денес, со оглед на големата мешаница во холандското првенство за излез во фудбалска Европа. На пет од осумте меѓусебни натпревари, АЗ Алкмар постигнувал по најмалку три погодоци.
Предлог тип: 1 & Т1 3+ (2.45)