21.8 C
Skopje
понеделник, 1 септември 2025

Фаворитите ќе победат во Шведска, Србија и Данска, ефикасно ќе биде во Англија (Фото)

2533 Хамарби – Асириска (19:00)

Хамарби е лидер во третата по ранг шведска лига, а со евентуална победа на денешниот меч, само дополнително ќе ја зголеми предноста пред конкуренцијата. Екипата на Асириска е во златната средина, односно на осмото место од 16 екипи, но многу поблиску до опасната зона отколку до борбата за пласман во повисок ранг. Воедно, Хамарби е во серија од пет натпревари без пораз.

Предлог тип: 1 & 3+ (2.23)

 

2534 Јонкопингс – Сковде (19:00)

Фудбалерите на Јонкопингс се на втората позиција на табелата во третата шведска лига (Содра) со заостанување од четири бода зад лидерот, но и натпревар помалку, овој што ќе го одиграат денес. Противник им е екипата на Сковде, фенерџијата во лигата, па очекувањата се дека лесно и убедливо ќе победат. Првиот натпревар помеѓу овие две екипи заврши со гостинска победа на Јонкопингс од 0-3.

Предлог тип: 1-1 & 3+ (2.25)

 

3627 Мачва – Борац Чачак (19:00)

Мачва од Шабац имаше многу подобар старт на првенството за разлика од Борац Чачак. Домашните имаат осум бода од пет кола и се на шестата позиција, додека Борац само со три поени е претпоследен, односно 15-ти. Мачва е фаворит и поради формата во која се наоѓа и одличните четири меча на коишто нема пораз.

Предлог тип: 1 & Т1 2+ (2.01)

 

1075 Челмсфорд – Фарнборо (20:45)

Ефикасен фудбал се очекува во англиската Национална лига. Кога последен пат играа овие две екипи, победи Челмсфорд со 4-3, а Фарнборо играше 3+ на последните три натпревари. Токму оттука и очекувањата за ефикасен фудбал на нивниот меѓусебен меч.

Предлог тип: 1-3I & 3+ (2.04)

 

2816 Есбјерг – Коге (19:00)

Фудбалерите на Есбјерг имаат шанса со победа над Коге да се израмнат на врвот од табелата во втората данска лига, а доколку победата биде убедлива, и да се најдат на самиот врв. Коге е одличен противник за такво нешто бидејќи е претпоследен на табелата само со седум бода од седум натпревари.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (1.97)

- Оглас -

Најнови вести