Фаворитите нема да дозволат кикс во Лигата на Европа и Конференциската лига

6024 Шериф – Рома (18:45 ч.)

Молдавскиот Шериф веќе стандардно почна да е дел од групната фаза во едно од натпреварувањата на УЕФА, што само потврдува дека има квалитет во овој тим. Сепак, вечерва на гости им доаѓа Жозе Мурињо со Рома и гостите се големи фаворити за победа.

Рома на девет од последните 10 средби што ги одигра беа барем со три погодоци, што само покажува дека тимот предводен од Мурињо може да игра и офанзивно.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.03)

 

6035 Олимпијакос – Фрајбург (21 ч.)

Домашниот терен треба да е добра предност за грчкиот тим, иако Фрајбург е екипа која знае да изненади и на гостински терен. Овие два тима играа и минатата сезона во групната фаза од Лигата на Европа, кога Фрајбург победи во Атина, а во Германија резултатот беше 1:1.

Во новата сезона Олимпијакос во осум средби има шест победи и само две нерешени без ниту еден пораз и сигурно ќе се обидат да ја задржат оваа добра серија.

Предлог тип: 1Х&2+ (2.00)

 

6026 ЛАСК – Ливерпул (18:45 ч.)

ЛАСК има само еден пораз во последните 15 натпревари, но кога гостува Ливерпул, се знае дека австрискиот тим е аутсајдер.

Ливерпул сигурно ќе се обиде уште во првите неколку кола да ги реши сите дилеми околу пласманот на табелата во оваа група и ќе започне офанзивно. Тимот на Јирген Клоп победи четири пати и еднаш ремизира во првите пет меча во Премиер лигата и секогаш играше со многу голови.

Предлог тип: 2&3+ (1.78)

 

6776 Фенербахче – Нордсјиланд (18:45 ч.)

Во пеколно темпо е Фенербахче и има 11 победи по ред во сите натпреварувања, па сигурно турскиот гигант ќе сака оваа низа да продолжи и против данскиот ривал во Конференциската лига на УЕФА.

Нортдсјиланд игра офанзивно, па гостите ќе згрешат ако решат само да се бранат против еден ваков ривал.

Предлог тип: Т1 1+I & 1+II (2.30)

 

6780 Викторија П’лзењ – Балкани (21 ч.)

Десет победи во низа има Викторија П’лзењ, што само покажува дека е во одлична форма. Балкани е косовски тим кој игра многу дефанзивно и ретко кој може брзо да го разбие.

Домаќинот е голем фаворит, но сигурно нема да биде лесно да се пробие бункерот кој гостите ќе го подготват.

Предлог тип: 0-2 (2.35)

- Оглас -

Најнови вести