27.8 C
Skopje
среда, 30 јули 2025

Фаворитите нема да ги честат противниците со бодови, мириса на нов пораз на Манчестер јунајтед

1009 Вест хем – Вулверхамптон (15.00 часот)

Вест хем во претходното коло доживеа вистински дебакл од Фулам губејќи со 5:0, но во четвртокот се извади со победата од 2:0 против Фрајбург во Лигата на Европа. Вулверхамптон во последните две кола во Премиер лигата играше на домашен терен и оствари по една победа и реми, но затоа загуби на последните три меча на гости. Чеканите славеа на последните три меѓусебни средби кои ги играа во Лондон и притоа не примија ниту еден гол (2:0,1:0, 4:0).

Предлог тип: 1 & 1+ второ (2.75)

 

3005 Милан – Монца (12.30 часот)

Во претходното коло Милан загуби од Аталанта, но со победата над Њукасл од 2:1 и тоа на гости, ќе презими во Европа. Монца чиј претседател е поранешниот прв човек на Милан, Адријано Галијани,, игра одлично и се наоѓа на деветтото место. Минатата сезона, Милан славеше на двата меча (1:0,4:1) и е голем фаворит да ги освои бодовите и денеска.

Предлог тип: 1 & 2-5 (2.09)

 

1708 О. Марсеј – Клермон (17.05 часот)

Олимпик Марсеј се наоѓа во серија од три победи во низа и се искачи на шестото место на табелата, додека Клермон е последен со само две победи во 15 кола. Домаќинот во трите победи постигна вкупно девет гола и за очекување е да биде ефикасен и против фенерџијата. Минатата сезона, Олимпик Марсеј победи на двата меча (1:0, 2:0).

Предлог тип: 1 & 1+ I & 1+ II (2.40)

 

1010 Ливерпул – Манчестер јун. (17.30 часот)

Ова е најголемо дерби во Англија кое екипите го чекаат во различно расположение. Ливерпул е лидер на табелата, додека Манчестер јунајтед изминатава недела загуби на двата меча, од Борнмут (0:3) во Премиер лигата и од Баерн Минхен (0:1) во Лигата на шампионите со што се прости од Европа. Минатата сезона, Ливерпул му го нанесе најтешкиот пораз во историјата на Манчестер јунајтед декласирајќи го со 7:0. Ливерпул доминира и во меѓусебните дуели во Премиер лигата во последно време, на последните десет меча, Јунајтед победи само еднаш, а Црвените дури шестпати. Дополнителен проблем за Манчестер јунајтед се големиот број на повредени играчи (Каземиро, Диало, Ериксен, Мегваер, Мартинес, Маунт, Шо), додека Фернандес не може да игра поради жолти картони, со што Ливерпул станува голем фаворит на денешниот дуел.

Предлог тип: Т1 1-3 I & 1-3 II (2.02)

 

1360 Реал Мадрид – Виљареал (21.00 часот)

Кралевите по 16 кола во Ла Лига имаат само еден пораз и се наоѓаат на второто место на табелата зад неверојатната Жирона, додека Виљареал е во долниот дел од табелата. Реал единствениот пораз го доживеа кон крајот на септември и оттогаш има осум победи и три ремија. Виљареал во претходното коло загуби на домашен терен од Реал Сосиедад со 0:3. Дополнителен мотив за Реал да слави вечерва е податокот дека минатата сезона ги загуби двата меча со Жолтата подморница.

Предлог тип: 1-1 & 2-5 (2.30)

- Оглас -

Најнови вести