1002 Евертон – Арсенал (13.30 часот)
Арсенал во претходните две кола славеше во дерби пресметките со Манчестер јунајтед и Тотенхем, му гостува на Евертон и има одлична шанса да ја продолжи победничката серија. Победата е императив за Топчиите кои имаат само пет бода предност на лидерската позиција на табелата пред Манчестер сити, а дополнителен мотив им претставува податокот дека загубија на последните две гостувања на „Гудисон парк“. Евертон игра очајно, се наоѓа на претпоследното место на табелата со само 15 освоени бодови и се наоѓа во серија од три порази по ред. Се освен победа на Арсенал, ќе претставува големо изненадување.
Предлог тип: 2 & 1+ второ (1.78)
1006 Манчестер јун. – Кристал Палас (16.00 часот)
Манчестер јунајтед и Кристал Палас веќе одиграа еден натпревар меѓу себе годинава, кој заврши без победник 1:1 во заостанат натпревар. Црвените ѓаволи во последните две кола не победија (реми и пораз), но и покрај тоа го задржаа четвртото место на табелата кое им носи пласман во ЛШ. Јунајтед во средата го победи Нотингем Форест и обезбеди пласман во финалето на Лига купот. Палас пак во 2023 година сè уште нема победа, загуби на три меча, а на два ремизираше и се наоѓа на 12-то место на табелата.
Предлог тип: 1 & 2-4 (2.11)
1306 Атлетико Мадрид – Хетафе (18.30 часот)
Атлетико Мадрид врза две победи кои го искачија на четвртото место на табелата во Ла Лига и денеска има одлична шанса да ја продолжи победничката серија. Противник на Јорганџиите им е Хетафе кој има четири порази во низа и е претпоследен на табелата со 17 бода. И традицијата е на страната на Атлетико Мадрид кој последниот пораз во меѓусебните дуели го доживеал во 2011 година и оттогаш има 19 победи и само три ремија.
Предлог тип: 1-1 & 2+ (2.65)
2839 ПСЖ – Тулуз (17.00 часот)
Во француската Лига 1 се знае кој е фаворит за титулата, ПСЖ, иако тренерот Кристоф Галтие, има големи главоболки поради повредите на неговите фудбалери. ПСЖ пред своите гледачи го пречука Тулуз и иако Галтие нема да може да смета на повредените Кимпемпе, Мбапе, Нејмар и Рамос, е апсолутен фаворит и се освен убедлив триумф, ќе претставува големо изненадување. Светците во последниот меч пред своите гледачи ремизираа против Ремс, и затоа денеска победата е императив.
Предлог тип: Т1 1-3I & 1-3II (2.16)
1807 Борусија М. – Шалке (18.30 часот)
Ова е дуел на поранешни германски шампиони. Борусија Дортмунд која се бори за позициите кои носат пласман во европските купови, има одлична шанса да додаде три бода на своето конто бидејќи Шалке е очаен сезонава, се наоѓа на последното место на табелата со само 10 освоени бода, и е главен фаворит за испаѓање. Борусија во претходното коло ја прекина мини серијата од два порази, убедливо го совлада Хофенхајм како гостин со 4:1 и сигурно е дека од првата минута против Шалке ќе тргне офанзивно.
Предлог тип: 1-1 & 2+ (2.60)