Фаворитите нема да имаат проблеми на денешните натпревари од европските купови (Фото)

6711 – Хелсинки – Ларне (18:00)

Екипата на Хелсинки е апсолутен фаворит против Ларне во дуелот на шампионите на Финска и Северна Ирска. Домашната екипа нема да има проблеми да забележи победа, се очекува таа да биде убедлива и патникот во следното коло да биде одлучен уште на првиот натпревар.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.96)

 

6712 – Хакен – ТНС (19:00)

Слично како и на претходниот натпревар, дуел на голем фаворит и голем аутсајдер. Шампионот на Шведска, Хакен, е апсолутен фаворит против шампионот на Велс, ТНС, и патникот во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите треба да биде одлучен уште денес. Се очекува фудбалерите на Хакен да бидат ефикасни и да ја наполнат мрежата на ТНС.

Предлог тип: Т1 1+I & T1 3+ (1.83)

 

6714 – Слован Б. – Свифт Хесперанж (20:30)

Екипата на Слован Братислава е фаворит во дуелот против Свифт Хесперанж, но се очекува на овој дуел да нема голем број погодоци. Шампионот на Словачка нема да има проблем да забележи победа, но и шампионот на Луксембург гледа свои шанси во овој дуел за историски успех.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.09)

 

6804 – Б36 Торшавн – Паиде (20:00)

Претставникот на Фарски Острови во Конференциската лига, екипата на Б36 Торшавн како благ фаворит влегува во дуелот против Паиде од Естонија. Клубовите од оваа земја секогаш се во предност кога играат на домашен терен, посебно против противници од послабите лиги во Европа, пред сè поради условите на Островот. Се очекува дека домашната екипа нема да загуби на овој натпревар, но и дека ќе бидат постигнати погодоци.

Предлог тип: 1Х & 2+ (1.88)

 

6713 – Фарул К. – Шериф Т. (19:30)

Шампионот на Романија влегува како фаворит во дуелот против шампионот на Молдавија. Соседскиот дуел на Фарул и Шериф се очекува да понуди големи возбудувања, но Фарул нема да си дозволи пораз на домашен терен во првото коло. Сепак, на овој дуел патникот во следната фаза се очекува да биде одлучен на реваншот во Тираспол.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.97)

- Оглас -

Најнови вести