1005 Тотенхем – Лестер (18:30 ч.)
Делува малку неверојатно, но по шест одиграни кола, Лестер е на дното на табелата во Премиер лигата со само еден бод. Со дури 16 примени гола, Лестер ја има има најслабата одбрана.
Тотенхем одлично го започна првенството и по шест кола е со четири победи и две нерешени, без пораз. И ако се погледнат меѓусебните дуели Тотенхем има седум победи и само два порази во последните девет дуели. Последен пат играле без победник дури во 2016 година кога беше 1:1.
Последните три меѓусебни дуели беа со голови на двете страни и барем четири погодоци.
Предлог тип: 1&2+4 (2.40)
1806 Борусија М. – Лајпциг (18:30 ч.)
Две екипи кои изминативе години играа главна улога во Бундеслигата, а сезонава почнаа слабо. Нападот беше најмоќниот адут на овие екипи, па затоа не случајно на шест од последните седум меѓусебни дуели се треселе мрежите на двата тима и имало најмалку три погодоци.
Борусија сезонава има одлична одбрана и само лидерот Унион Берлин има примено помалку погодоци од нив.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.85)
1540 Боависта – Спортинг Лисабон (21:30 ч.)
Спортинг е перфектен во Лигата на шампиони и има максимални шест бода без да прими ниту еден гол, но кога игра во домашното првенство ситуацијата не е така добра. Спортинг има осум бода помалку од лидерот Бенфика и дури осум примени гола, што е една од најлошите одбрани.
Традицијата вели дека во последните 19 меѓусебни дуели, Спортинг победил на дури 18, а еден меч завршил нерешено. Боависта последен пат се радувала во јануари 2008 година.
Предлог тип: 2 (1.48)
2435 Рапид Букурешт – Миовени (20:30 ч.)
Рапид одлично ја почна сезоната и по 10 одиграни меча има освоено 21 бодови, доволно за второто место на табелата. Рапид дома е перфектен со четири победи од исто толку меча.
Домаќините ќе имаат дополнителен мотив против Миовени, затоа што ги немаат победено во последните четири меѓусебни дуели. Миовени во 10 кола освои само шест бода и е во зоната за испаѓање.
Предлог тип: 1 (1.72)
3204 Динамо Москва – Зенит (18 ч.)
Едно од потешките гостувања за Зенит, затоа што Динамо дома е без пораз, а овој тим само еднаш загуби во девет кола сезонава. Зенит е лидер во Русија, но на последните четири гостувања кај Динамо има два порази и по едно реми и победа.
Предлог тип: Х2&2-4 (1.71)