1243 Абердин – Сент Џонсон (16.00 часот)
Тимот на македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, веќе пет кола не знае за победа во шкотската Премиер лига, а во последниот натпревар со ремито без голови против Рос Каунти барем ја прекина серијата од четири порази. Во губитничка серија се наоѓа и Сент Џонсон кој има три порази во низа. Миовски и соиграчите ќе се обидат пред своите гледачи конечно да дојдат до триумф.
Предлог тип: 1Х & 2-4 (1.82)
3615 Јувентус – Удинезе (18.00 часот)
Старата дама со неубедлива победа над Кремонезе (0:1) ја започна 2023 година, и денеска го игра првиот натпревар пред своите гледачи. Иако не игра според очекувањата, Јувентус освојува бодови и се наоѓа на третото место на табелата во Серија А, и на денешниот дуел е фаворит иако тренерот Масимилијано Алегри има големи проблеми со повредите на своите играчи. Алегри за дуелот со Удинезе сигурно нема да може да смета на Бонучи, Квадрадо, Жорге, Погба, Влаховиќ, а неизвесен е и Де Шилјо, но традицијата е на страната на Старата Дама. Јувентус победил на последните седум средби против Удинезе што се одиграле во Торино и секогаш постигнувал два или повеќе гола.
Предлог тип: 1 & 0-4 (1.97)
3616 Монца – Интер (20.45 часот)
И Интер победнички ја започна 2023 година и тоа со триумф над лидерот на табелата, Наполи на кого му го нанесе првиот пораз. Одличната атмосфера во таборот на Нераѕурите како и одличната игра во дербито, се гаранција дека тие се фаворити за трите бода и на гостувањето кај Монца. Во претходното коло и Монца изненади, остана непоразена на гостувањето во Фиренца (1:1), но ретко кој верува дека вечерва ќе успее да се одбрани од налетите на Нераѕурите.
Предлог тип: 2 & 1+ второ (1.90)
1634 ПСВ – Спарта Ротердам (21.00 часот)
По речиси двомесечна пауза, продолжуваат возбудувата и во холандската Ередивизија во која се знае кои се главните фаворити за титулата, Ајакс, ПСВ и Феенорд и токму овие три тима се на првите три позиции на табелата. Прв кој стартува во Новата година е ПСВ и тоа пред своите гледачи го пречекува тимот на Спарта Ротердам. Иако остана без Коди Гакпо кој се пресели во Ливерпул, ПСВ е голем фаворит, но нашиот предлог е да одиграте на голови.
Предлог тип: Т1 1-3 I & 1-3 II (1.96)
1303 Вилјареал – Реал Мадрид (16.15 часот)
Реал го искористи киксот на Барселона и со победата над Валјадолид од 0:2 во претходното коло, се израмни со Каталонците на лидерската позиција во Ла Лига. Кралевите денеска ги очекува тешко гостување кај Жолтата подморница, но ја имаат традицијата на своја страна. Реал на последните пет гостувања кај Вилјареал одигра нерешено, само последниот дуел заврши без голови, а резултатот на другите средби беше или 1:1 или 2:2. Згора на тоа, пред серијата нерешени средби на гостувањето кај Жолтата подморница, имаше две победи по ред. Одлична вест за тренерот на Реал, Карло Анчелоти, е тоа што конечно може да смета на сите клучни играчи и нападот предводен од Бензема и Винисиус жуниор сигурно ќе претставува голем предизвик за одбраната на Вилјареал.
Предлог тип: Х2 & 2-4 (2.01)