8.8 C
Skopje
недела, 5 октомври 2025

Фаворитите од топ-лигите нема да имаат проблем да дојдат до очекувани победи (Фото)

1109 Брентфорд – Манчестер сити (17:30)

Манчестер сити има серија од шест натпревари по ред без пораз, а денес му гостува на Брентфорд, екипа која минатото коло славеше над нивниот градски ривал Јунајтед. „Граѓаните“ четири меча по ред немаат пораз од „пчелите“, а три од нив завршија со победа на Манчестер сити. Манестер сити со евентуална победа ќе дојде на само три бода од врвот во Премиер лигата.

Предлог тип: 2 & 1+ второ (1.78)

 

1307 Севиља – Барселона (16:15)

Барселона раните од поразот против ПСЖ во Лигата на шампионите ќе ги лечи на гостувањето кај Севиља. Екипата од Андалузија игра променливо, а „каталонците“ победија на седум меча по ред против нив. Серијата без пораз на Барселона против Севиља е цели 10 меча.

Предлог тип: 2 & 1+I&1+II (2.09)

 

3613 Наполи – Џенова (18:00)

Наполи за пртовник го има „фенерџијата“ во Серија А, Џенова, па очекувањата се дека избраниците на Антонио Конте ќе дојдат до лесен триумф, со што ќе го заборават болниот пораз од Милан од минатото коло. Евентуален триумф на Елиф Елмас и соиграчите ќе значи задржување најмалку на делба на првата позиција.

Предлог тип: 1 & 3+ (2.70)

 

3145 Локомотива Загреб – Динамо Загреб (18:45)

Динамо Загреб со победа над градскиот ривал Локомотива ќе биде осамен на врвот од табелата со три бода пред вечниот ривал, Хајдук. Овие две екипи на три од последните четири меча одиграа „гол-гол“, па очекувањата се дека Динамо Загреб вечерва ќе победи, но ќе прими гол.

Предлог тип: 2 & ГГ (3.00)

 

1709 Лил – ПСЖ (20:45)

ПСЖ има три победи по ред против Лил, а нема пораз од овој противник на последните осум натпревари, па вечерва победта над Барселона во Лигата на шампионите треба да ја круниса и со триумф во домашното првенство. Марсеј, ПСЖ и Лион имаат по 15 бода, но „светците“ имаат меч помалку, па јасно е дека победата е императив за нив.

Предлог тип: 2 (1.75)

- Оглас -

Најнови вести