18.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Фаворитите што играат на свој терен ќе победат, и тоа без проблем

1305 Реал Мадрид – Мајорка (19:15 ч.)

Девет победи на Реал Мадрид и два триумфа на Мајорка во нивните последни 11 меѓусебни средби. Последен пат без победник одиграле во 2010 година, а интересно е дека Мајорка сезонава е експерт за реми и има девет нерешени од 18 средби.

Цврста одбрана е главна карактеристика на Мајорка, па затоа и најчесто игра со малку погодоци. Реал Мадрид секогаш е фаворит дома и сигурно дека Кралевите ќе атакуваат на трите бода.

Предлог тип: T1 1+I &1+II (1.99)

 

1307 Жирона – Атлетико Мадрид (21:30 ч.)

Најпријатното изненадување Жирона е домаќин на Атлетико Мадрид во дуел на две од трите најефикасни екипи. Жирона никогаш не се радувала против овој ривал (пет нерешени и три порази), па ова е мотив повеќе за домаќините.

На шест од досегашните осум меѓусебни дуели се треселе мрежите на двата тима, а фактот дека и сега играат офанзивно е најава за атрактивен фудбал со повеќе погодоци.

Предлог тип: ГГ3+ (1.94)

 

1732 ПСЖ – Тулуз (20:45 ч.)

Ова е меч за трофеј, и тоа тој во Суперкупот на Франција. ПСЖ е голем фаворит на „Паркот на принцовите“, посебно затоа што Тулуз е очаен во првенството и е во зоната за испаѓање.

Тулуз го има вториот најслаб напад сезонава во француското елитно друштво, па реално тешко дека ќе може да се очекува да го изненади фаворитот.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.00)

 

3625 Рома – Кремонезе (21 ч.)

Речиси пред една година, овие два тима играа на „Олимпико“ во Купот и Кремонезе изненадувачки победи со 2:1 и ја елиминира Волчицата. Сега повторно играат во Рим, во Купот, па тоа е добра шанса на Рома да покаже дека ја научи ланската лекција.

Кремонезе сезонава игра во Серија Б, па ќе биде вистинска срамота за Рома ако повторно киксира против истиот ривал од лани.

Предлог тип: 1&0-3 (2.17)

 

1979 Панатинаикос – Јанина (20 ч.)

Ова е еден од оние мечеви на кои се вели дека победникот се знае пред да почне. Панатинаикос киксира на два од последните четири меча и затоа го загуби првото место на табелата. Сепак, против Јанина, која е последна со очајни девет бода од 15 меча, јасно е дека гигантот од Атина нема да дозволи изненадување.

Традицијата вели дека на последните осум меѓусебни дуели секогаш било НГ (еден од двата тима да не постигне гол).

Предлог тип: 1-1&3+ (2.20)

 

- Оглас -

Најнови вести