Фаворитите сигурно ќе победат, но ќе бидат и ефикасни (Фото)

6874 – Динамо Загреб – Балкани (21:00)

Пласманот на Динамо Загреб во Конференската лига беше сметан за неуспех во хрватската спортска јавност, но загрепчани сега се во ситуација дури и да стравуваат дали ќе ја минат групата. Сепак, сè зависи од нив самите и со победа против шампионот на Косово, Балкани, ќе минат во следната рунда, но како второпласирани од групата. И со победа немаат шанси за првото место, на кое убедливо е екипата на П’лзењ. Првиот натпревар го доби Балкани со 2-0, но вечерва Динамо нема право на кикс и сигурно ќе ја искористи шансата која му се укажа.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.15)

 

6045 – Генк – Чукарички (18:45)

Екипата на Генк доколку сака да ја мине групата во Конференциската лига, ќе мора да го совлада Чукарички, но и да чека пораз на Ференцварош од Фиорентина. Во тој случај двете екипи би се израмниле со по девет бода, а со оглед на тоа дека нивните меѓусебни натпревари завршија нерешено, ќе одлучува вкупната гол-разлика. Токму затоа на Генк му е потребна што е можно повисока победа, но и победа на Фиорентина.

Предлог тип: 1 & 4+ (2.17)

 

6866 – Фенербахче – Трнава (18:45)

Фенербахче и Лудогорец имаат по девет бода и идентичен скор во меѓусебните натпревари, победи од по два гола разлика, па клубот од Истанбул ќе мора да брка висока победа ако сака да биде второпласиран и да ја мине групата бидејќи во моментов има за еден гол полоша гол-разлика од Лудогорец. Трнава е одлична можност за такво нешто, со оглед на тоа дека претставникот на Словачка е убедливо последен само со еден бод.

Предлог тип: 1 & 4+ (2.15)

 

6025 – Карабаг – Хакен (18:45)

Азербејџанскиот Карабаг сам од себе зависи дали ќе ја мине групата на Лигата на Европа или не. Тие имаат седум бода, колку што има и Молде, но подобар меѓусебен дуел, па со победа над последнопласираниот Хакен, ќе се пласираат во нокаут-фазата од второто по ранг европско натпреварување.

Предлог тип: 1 & 3-5 (2.04)

 

6035 – Арис Лимасол – Спарта П. (21:00)

Екипата на Спарта Прага сè уште има шанси да дојде до второто место во својата група во Лигата на Европа, но ќе мора да го чека и исходот од дуелот помеѓу Бетис и Ренџерс. Сепак, за да може да се надева на добар резултат, претставникот на Чешка најпрво ќе мора сам да си ја заврши својата работа, па дури потоа да гледа што се случува на дуелот во Шпанија.

Предлог тип: Х2 & 3+ (2.17)

- Оглас -

Најнови вести