-1.2 C
Skopje
вторник, 16 декември 2025

Фаворитите со убедливи водства, Ливерпул губи во Истанбул, Бенфика си постигна комичен автогол (Видео)

Ефикасен фудбал и голови на речиси сите натпревари од Лигата на шампионите се одликата на првото полувреме. Единствениот меч на којшто нема голови во првиот дел е оној кој се игра на најсеверната точка во историјата на Лигата на шампионите, помеѓу Бодо/Глимт и Тотенхем, а домашните промашија и пенал.

Мурињо се врати на „Стемфорд бриџ“, но како тренер на Бенфика, а по првите 45 минути има негатива од 1-0 откако неговиот фудбалер, Ричард Риос, си постигна комичен автогол во 18-тата минута.

Негатива од 1-0 на полувремето има и Ливерпул, и тоа од Галатасарај во Истанбул. Голот за водство на домашните беше дело на Виктор Осимен од пенал во 16-тата минута.

Фаворитите Атлетико Мадрид, Интер, Марсеј и Баерн Минхен имаат убедливи водства на паузата.

Јорганџиите водат со 3-0 против Ајнтрахт Франкфурт на домашен терен, а иста предност има и Марсеј пред својата публика против Ајакс.

Интер само по 45 минути игра има 2-0 против Славија Прага, а Баерн Минхен постигна четири против Пафос на гости за едно полувреме, но и прими еден, па водството на Баварците е 1-4.

- Оглас -

Најнови вести