Фаворитите треба да ја оправдаат дадената улога

3007 Салернитана – Интер (20:45 ч.)

Интер претрпе неочекуван пораз на свој терен од Сасуоло, па сега Нераѕурите сигурно нема да сакаат да киксираат на денешното гостување.

Салернитана е тим кој уште нема победа, но пред само шест месеци дома успеа да одигра 1:1 против Интер. Сепак, Интер е апсолутен фаворит и треба лесно да стигне до победа на ова гостување против ривал кој има несигурна дефанзива.

Предлог тип: 2-2&3+ (3.10)

 

1807 Лајпциг – Баерн Минхен (18:30 ч.)

Пред еден месец Лајпциг го шокираше Баерн во Минхен и го победи со 3:0 во борба за трофејот во Суперкупот. Лајпциг и во минатата сезона имаше позитивен биланс против Баерн бидејќи во Минхен победи со 3:1, а дома одигра 1:1.

Двете екипи играат офанзивно и сигурно повторно ќе има многу погодоци на двете страни.

Предлог тип: ГГ3+ (1.61)

 

1360 Реал Сосиедад – Атлетик Билбао (21 ч.)

Двете екипи добро ја почнаа сезоната и се во Топ 6 на табелата. Кога Сосиедад игра на свој терен речиси стандардно освојува барем еден бод, што значи дека се фаворити да не загубат.

Атлетик Билбао ќе верува на традицијата која вели дека во последните шест меѓусебни дуели има три победи, две реми и само еден пораз. Двете екипи во просек имаат по два погодоци на меч што е предзнак за интересен дуел.

Предлог тип: 1Х&2-4 (2.10)

 

1540 Фаренсе – Спортинг (21:30 ч.)

Со пет победи и едно реми, Спортинг покажува дека е најсериозен фаворит за титулата во Португалија. Фаренсе сезонава има само две победи и четири порази без реми.

Шест победи во низа има Спортинг против овој ривал, а на последните четири дуели, гигантот од Лисабон нема примено ниту еден погодок.

Предлог тип: Т2 1-3 I & 1-3 II (2.35)

 

1958 Галатасарај – Анкарагучу (18 ч.)

По ремито на стартот од сезоната, Галатасарај нареди пет победи во низа. Анкарагучу тешко дека може да има сила да се спротистави на гигантот од Истанбул, од кого загуби во последните три средби и тоа во меч на кој двата тима постигнувале погодоци.

На седум од последните осум дуели, Галатасарај постигнува барем по два погодоци што значи дека екипата е офанзивно расположена.

Предлог тип: 1&0-3 (2.50)

- Оглас -

Најнови вести