На сите вечерашни пет средби од 15-тото коло од Евролигата, фаворитите остварија прилично лесни и убедливи победи.
Како што пишувавме веќе, Барса славеше над Црвена ѕвезда, и тоа пред Новак Ѓоковиќ.
Првакот Анадолу Ефес со 87:72 ја победи Басконија благодарение на одличниот Василије Мициќ, кој уфрли 24 поени.
Фенербахче пред своите навивачи го совлада Макаби Тел Авив. Додека, пак, Реал Мадрид беше немилосрден кон Алба Берлин (87:64).
Вили Тавареш беше најефикасен на средбата со 17 постигнати кошеви.
ЕВРОЛИГА
Анадолу Ефес – Басконија 87:72
Реал Мадрид – Алба Берлин 87:64
Фенербахче – Макаби Тел Авив 90:79
Милано – Панатинаикос 75:54
Црвена ѕвезда – Барселона 69:76