Фаворитите вчера лесно победија, вечерва има нови два меча на Голд Купот

Мексико ја победи Костарика со 2:0, а Панама убедливо со 4:0 го победи Катар за место во полуфиналето од Голд Купот. Вечерва се играат преостанатите два четвртфинални средби, по што ќе се знаат селекциите кои ќе останат во битка за медалите на ова континентално натпреварување.

Јамајка е фаворит во дуелот со Гватемала, а САД е со поголеми шанси да се радува од Канада, во нивната меѓусебна пресметка.

Јамајка и Гватемала немаат играно меѓусебе повеќе од 10 години, а на последните четири меѓусебни средби секогаш на крајот имало од 2-3 погодоци. Јамајка има шест победи, а Гватемала се радувала само еднаш, а интересно е дека никогаш не било нерешено.

САД на свој терен на стадионот во Синсинати е домаќин на Канада, во дуел на две селекции кои беа меѓу фаворитите за медал. Тоа што е карактеристично за меѓусебните средби на овие селекции е дека девет од последните 10 натпревари завршувале со 0-2 гола, односно дека битката е тешка и нема многу погодоци.

- Оглас -

Најнови вести