2434 ФЦСБ – Динамо Букурешт (20:30 ч.)
Домаќините се големи фаворити. Динамо е повратник во елитната лига во Романија, а во првото коло дома загуби со 2:0 Од Универзитатеа Крајова.
ФЦСБ секогаш атакува на највисок пласман и овде треба да има лесни три бода за домашниот тим и тоа во меч на кој ќе има барем три погодои.
Предлог тип: 1-1&3+ (2.60)
2502 Молде – Сарпсборг (18 ч.)
Молде кога игра дома, секогаш фокусот е да се освојат трите бода, па не случајно во седум средби има дури пет победи и гол разлика од 17 дадени и само шест примени гола.
Сарпсборг е екипа која игра отворен фудбал и дава многу, но и прима многу голови. Традицијата од последните четири меча вели дека секогаш било ГГ3+, а просекот на погодоци во овој период е преку четири гола на средба.
Предлог тип: ГГ4+ (1.86)
3404 Славија Прага – Храдец Кралове (18 ч.)
За Храдец може да се каже дека е екипата која е виновна што Славија не стана првак во Чешка. Славија на крајот заврши со два бода помалку од Спарта Прага, а интересно е дека гигантот од главниот град минатата сезона освои само еден од можните шест бода против Храдец.
Сега Славија е голем фаворит за победа и сигурно домаќинот ќе постигнува погодоци во двете полувремиња.
Предлог тип: T1 1-3 I & T1 1-3 II (1.79)
3143 Осиек – Славен Белупо (21 ч.)
Осиек е тим кој минатата сезона заврши веднаш зад двата најголеми тима во Хрватска, Динамо и Хајдук, па сигурно ќе сака и во новата сезона да го потврди квалитетот против „помалите“.
Славен Белупо е тим кој нема европски амбиции, а во претходната сезона имаше големи проблеми со реализацијата. Тоа се потврдува и ако се погледат претходните шест дуели на овие два ривали, Славен Белупо има постигнато само два гола и тоа на последниот меч кога победија со 2:1. Домаќините се големи фаворити и не би требало да имаат проблеми да стигнат до трите бода.
Предлог тип: 1&0-3 (2.15)
3173 Копер – Олимпија Љубљана (20:15 ч.)
Олимпија Љубљана во минатата сезона на доминантен начин ја освои титулата во Словенија и сигурно и во новото првенство ќе води главен збор. Копер е тим од средината на теренот, кој загуби на полседните четири соочувања со овој ривал, па сигурно мотивот на гостите ќе биде традицијата да продолжи.
Предлог тип: 2 (2.17)

