24.8 C
Skopje
вторник, 5 август 2025

Фаворитите за титулата со победи треба да го започнат настапот на младиското ЕП

6797 Чешка У21 – Англија У21 (18 ч.)

Англија е еден од главните фаворити за триумф на Европското првенство до 21 година, кое вчера започна во Романија и Грузија. Англија, која деветти пат по ред игра на ЕП до 21 година, е предводена од играчи како Мадуеке, Палмер, Гарнер, Дојл, Вуд и во последните два меѓусебни меча славеше над Чешка со 2:1 и 3:1.

Предлог тип: 2 & 1+I&1+II (2.35)

 

2843 Ванерсборгс – БК Олимпик (19 ч.)

Ова е натпревар од третата шведска лига, и тоа меѓу екипи кои се наоѓаат во долниот дел на табелата. Ванерсборгс е последен на табелата само со 11 освоени бода од 13 меча, додека БК Олимпик има освоено три бода повеќе. Гостите имаат подобра гол-разлика 16:25, додека Ванерсборгс е втор најнеефикасен тим со девет дадени гола, а има примено 17. Овие две екипи досега одиграле два меѓусебни натпревари, на првиот беше 1:1, а на вториот славеше Ванерсборгс со 2:1.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.80)

 

6796 Германија У21 – Израел У21 (18 ч.)

Германија е актуелен европски шампион и се вбројува меѓу фаворитите за триумф. Израел пак го освои третото место на Светското првенство до 20 години, кое заврши пред десетина дена и голем дел од фудбалерите кои играа во Аргентина, ќе играат и на ова ЕП. Германија е поуспешна селекција во меѓусебните натпревари, славеше на последните пет дуела, а на останатите три одигра нерешено.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.25)

 

6798 Франција У21 – Италија У21 (20:45)

Дербито на првото коло на младинското Европско првенство е средбата меѓу фаворитите за титулата Франција и Германија. Франција е предводена од Амин Гури, кој настапува за Рен, од играчот на Ница, Кехрен Тирам како и од фудбалерот на Милан, Пјер Калулу.

Италија пак загуби во финалето на СП до 20 години, а главни ѕвезди во тимот ќе бидат Сандро Тонали, кој следната сезона ќе игра во Премиер лигата и играчот на Аталанта, Џорџо Скалвини. И двајцата играчи веќе имаат настапи и за сениорската репрезентација на Италија. Интересно е што три од последните пет меѓусебни меча завршиле со идентичен резултат 1:1.

Предлог тип: ГГ прво/второ (2.14)

 

2851 Илвес – КПВ (17 ч.)

Ова е натпревар од Финскиот куп во кој апсолутен фаворит е домаќинот. Илвес настапува во првата финска лига и се наоѓа во серија од седум меча без пораз во сите натпреварувања. КПВ пак игра во втората лига и се наоѓа на последното место на табелата само со седум освоени бода од 11 меча. Сè освен убедлив триумф на домаќинот ќе претставува изненадување.

Предлог тип: Т1 1+ I & 2+ II (2.40)  

- Оглас -

Најнови вести