Селекцијата на Мароко, која е и домаќин на турнирот, со триумф од 2-0 против Коморските острови го отвори Африканскиот куп на нации. На дуелот во Рабат, Мароканците покажаа доминација и заслужено стигнаа до победа.
Софијан Рахими не реализира пенал во 11-тата минута, но во вториот дел сепак квалитетот испива на површина.
Мароко поведе со голот на Брахим Дијас, фудбалерот на Реал Мадрид, кој погоди во 55-тата минута по асистенција на Мазрауи.
Фантастичен гол со ножички постигна Ајуб Ел Каби во 74-та минута од дуелот.

