Екипите на МЗТ Скопје и Пелистер кои завршија на првите две позиции на табелата во регуларниот дел од кошаркарското првенства на Македонија, денес ќе ги одиграат првите натпревари од плеј-офот за титулата.
Први на паркетот ќе истрчаат кошаркарите на Пелистер, кои за противник ќе го имаат едно од најголемите изненадувања оваа сезона, екипата на Феникс. Дуелот во салата “Боро Чурлевски“ во Битола започнува во 15:30 часот, а домашните се апсолутни фаворити со квота од 1.11.
30 минути подоцна започнува и дуелот помеѓу МЗТ Скопје и Кожуф, во кој актуелниот шампион на Македонија е апсолутен фаворит и не би требало да има никакви проблеми да го совлада гевгелискиот прволигаш.
Четвртфиналните средни се играат до две победи, односно подобар од три натпревари. На вчерашните средни, екипите на Гостивар и Еуро Никел дојдоја до предност од 1-0 во сериите против Работнички, односно ТФТ.